fbpx

Израел ги затвори граничните премини со појасот Газа

-

Израел ги затвори единствените два гранични премини со појасот Газа кои беа во функција, соопшти денеска израелската војска, откако во петокот од палестинска територија биле истрелани ракети кон Израел.

– Граничните премини за луѓе и за стока, Ерез и Керем Шалом, се затворени на неопределено време, освен за премин на хуманитарна помош – изјави портпарол на израелската армија.

Ракетата која е истрелана од Газа на територијата на израелската област Ешкол не предизвика човечки жртви, нити материјална штета. Тоа е прва истрелана ракета од палестинска на израелска територија од 16 септември, а втора откако официјален Тел Авив ја прекина 50-дневната офанзива врз Газа.

Договореното примирје меѓу Израел и движењето Хамас стапи на сила на 26 август, со што заврши 50-дневниот конфликт во кој загинаа 2.140 Палестинци и 73 Израелци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...