fbpx

Изнудиле 300 евра за поткуп за царина

-

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ј.Ј. (41) и Г.Б. (46), двајцата од Скопје, вработени во Друштво за производство и услуги од Скопје, поради постоење основано сомневање дека извршиле измама.

Пријавените во својство на лица кои вршат јавни овластувања, за да стекнат противправна имотна корист, вршејќи шпедитерски услуги за Друштвото за производство, трговија и услуги од Скопје, довеле во заблуда лица кои се јавуваат во својство на сопственици во друштвото, на сопствена штета да исплатат парични средства во износ од 300 евра, со образложение дека истите се парична награда наводно побарана од царинскиот службеник кој бил задолжен за царинење на увезената стока, за да го прифати постојниот износ на царинската фактура.

Имено, оштетените лица, сопственици на Друштвото за производство, трговија и услуги, које се занимава со увоз на спортска опрема на 23 декември 2014 година се обратиле кај пријавениот Ј.Ј. за царинење на контингент на увезена спортска опрема од Италија, за која била платена царина според издадената фактура од фирмата извозник на опремата. Но, и покрај тоа што биле платени сите царински давачки, оштетените не можеле да ја подигнат стоката од царинскиот склад од причина што на 29 декември 2014 година, околу 16.15 часот, на оштетениот телефонски му се јавил првопријавениот, при што истиот му пренел дека наводно царинскиот работник кој вршел царинење на стоката кажал дека Друштвото ќе треба да доплати 100.000 денари за царина за стоката бидејќи се сомневал во вистинитоста на износот на фактурата, односно истиот би требало да биде многу повисок и доколку оштетениот не го доплати бараниот износ за царина, ќе бил подготвен записник во кој ќе било наведено дека се сомнева во веродостојноста на цените во фактурата.

Оштетениот на Ј.Ј. му одговорил дека неколку години наназад износите на увозните фактури биле секогаш исти и тој никогаш немал проблеми при царинење, па поради тоа кажал дека нема намера да го уплати дополнително побараниот износ, а преку неговиот адвокат фирмата-увозник ќе побара да покрене постапка пред надлежниот суд против Царинската управа на РМ. Потоа, истиот ден на оштетениот повторно му се јавил првопријавениот и му кажал дека тој наводно повторно разговарал со цариникот кој рекол дека оштетениот наместо 100.000 денари ќе треба да даде 300 евра кои наводно биле наменети лично за него.

Од страна на пријавените преку телефонски повици и СМС пораки повеќе пати од оштетените лица бил побаруван износот во висина од 300 евра, поради што од страна на оштетениот настанот е пријавен и донесени се парични средства во висина од 300 евра, за истите технички да бидат обработени.

Врз основа на доставеното известување, од страна на судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 беа издадени наредби за претрес на лице, како и наредби за претрес на службени простории, при што во претресот на службените простории на работното биро кое го користи Г.Б. пронајдена е една банкнота во апоени од 100 евра, која се поистоветува со претходно технички обработена банкнота и еден мобилен телефон, додека на работното биро кое го користи Ј.Ј. пронајдени се две банкноти во апоени од 100 евра, кои се поистоветуваат со претходно технички обработените банкноти и еден мобилен телефон.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...