fbpx

Излезноста до 10 часот на ИМ 2901 во Чаир е 4,45 проценти, соопшти ДИК

-

До 10 часот наутро на гласање на избирачкото место 2901 во општина Чаир, каде се прегласува вториот круг од локалните избори излегле 4,45 проценти од запишаните избирачи, соопшти денеска портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска.

– Гласањето почнало навреме во 7 часот и се одвива непрекинато – рече Гугуческа, додавајќи дека до 10 часот гласале 32 лица.

Доколку на некој од гласачите од Избирачкото место 2901 им е повредено правото на гласање, можат во рок од 24 часа да достават приговор до ДИК. Засега не е доставен ниту еден приговор од овој тип.

Гугучевска исто така потсети дека граѓаните можат да пријават изборни неправилности на бесплатната телефонска линија 0800 555 44.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...