fbpx

Изгубил пари во казино, па лажно пријавил дека го тепале и го ограбиле разбојници

-

Триесет и четиригодишен жител на тетовското село Копанце вчера пријавил дека бил нападнат и ограбен од тричлена разбојничка банда, но по кратката истрага, полицијата утврдила дека станува збор за лажно пријавување и дека повредите што му биле констатирани, осомничениот самиот си ги нанел.

Како што информираат од МВР, вчера околу 22 часот во полициската станица Тетово било пријавено дека во Клиничката болница во градот е донесен И.А. (34) од селото Копанце со оток, црвенило и со гребаници на главата и на челото, поради што бил задржан на лекување. Во разговорот со полициските службеници, И.А. пријавил дека истиот ден околу 19 часот на улицата Борис Кидрич, три лица, од кои едното го познавал, насилно го внеле во возило и го однеле кај автобуската и железничката станица, каде го нападнале со тупаници по главата и по телото, а потоа му одзеле 100 евра и мобилен телефон.

Во истрагата за расчистување на случајот, полицијата утврдила дека станува збор за лажно пријавување, односно дека И.А. самиот се удирал во ѕид во својата куќа за си направи алиби и да ги оправда парите што претходно ги потрошил во казино.

По дополнителни проверки, полицијата открила дека И.А. врз основа на судска наредба се бара за издржување затворска казна од 100 дена поради сторено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...