fbpx

Изградбата на рудникот Казандол ќе биде стопирана поради пропусти

-

Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците, гледаме дека има пропусти, а правните тимови работат на тоа, рече премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со изградбата на рудникот Казандол, по обраќање на завршната конференција на тема „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции“.

Тој додаде дека Владата ќе го искористи секој правен аспект, за да остане ветувањето дадено пред граѓаните, за здрава и чиста животна средина.

На средбата помеѓу премиерот и претставници од коалицијата за чист воздух „О2“, вчера, во делот на рудниците, заеднички констатирале дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет и дека се работи на изнаоѓање правно-формални аргументи и механизми за решавање на проблемот со што ќе се заштити животната средина и во исто време ќе се обезбеди интересот на државата.

Пред средбата со премиерот, од оваа иницијативата најавија дека ќе ја тужат Македонија до Европскиот суд за човекови права во Стразбур и ќе поднесат жалби до сите меѓународни институции поради алармантната загаденост во државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...