fbpx

Подготвен е нов нацрт-закон за високо образование, „Студентски пленум“ ќе го бојкотира

-

Подготвена е новата верзија на предлог-концептот на законот за високо образование, соопшти ректорот на скопскиот универзитет, Велимир Стојковски, при тоа не откривајќи детали за промените.

Концептот, кој како што вели ректорот, е прифатлив за професорите, студентите и за Министерството за образование и ги презема позитивните практики од развиените земји.

– Тоа ќе биде закон кој ќе се базира на универзитетската автономија, финансиската автономија, автономија во наставните програми и некои други елементи. Се разбира, финалната верзија ќе си го каже своето, но од тоа како е поставен концептот, сметам дека сите треба да бидат задоволни – рече Стојковски.

Во меѓувреме, „Студентски пленум“ соопшти дека новите предложени законски измени не се прифатливи за сите и потсети дека студентите ги напуштија преговорите со МОН.

„Главната причина за оваа одлука е односот на Министерството, кое уште од самиот почеток и најраната фаза на подготовка на законот не покажа ниту добра волја, ниту кооперативен однос, туку намерно го одолговлекуваше процесот, што отвора уште еден сомнеж за искреноста на МОН да изработи закон за високо образование со сите засегнати страни“, стои во реакцијата и се додава дека „Студентски пленум“ ја бојкотира секоја одлука на работната група УКИМ-МОН.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...