!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Изгореа најмалку 1.400 автомобили во катна гаража во Ливерпул


       
Ливерпул, 1 јануари, 2018 - 11:35 (META) 

Најмалку 1.400 автомобили се уништени во пожар што изби во Ливерпул во катна гаража.

Според Би-би-си, евакуирани се луѓе од неколку згради во околината на гаражата. За среќа, нема повредени

Пожарот најверојатно почнал откако се запалил еден автомобил. Во гаснењето учествуваале 21 противпожарно возило. Според локалните медиуми, возила експлодирале на неколку секунди.

Поради пожарот, откажана е ревија на коњи што требало да се одржи во арената „Екоу“ во близина на гаражата.