fbpx

Изгласани сите нацрт-амандмани за промена на Уставот, следува јавна расправа

-

Пратениците во Собранието по тридневна расправа ги усвоија четирите нацрт-амандмани за промена на Уставот согласно Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција.

Утре според најавите, би требало да почне јавната расправа за четирите нацрт амандмани за која се предвидени пет дена, по што Владата ќе треба да ги формулира предлозите за амандманите и да ги врати на усвојување.

На текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата кога не е предлагач, можат да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат амандманите на Уставот.

Премиерот Заев вчера од Загреб изрази уверување дека процесот во Парламентот ќе заврши успешно што ќе овозможи брзо членство на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

– Верувам дека до крајот на јануари, Парламентот ќе даде поддршка на Договорот со Грција по што ќе следува и поддршката на Договорот и од страна на Грција, како и на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Веруваме дека Хрватска ќе биде една од првите земји што ќе го потпише Протоколот за членство на Македонија во НАТо и дека Македонија ќе биде 30-тата земја членка на НАТО, рекол Заев на средбата со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...