fbpx

Изборната кампања почна валкано – кршење стакла и мачкање измет на штабови

-

Првиот ден од кампањата на политичките партии за локалните избори почна со оштетувања на штабовите на двете најголеми партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ утрово пријавиле дека непознати сторители го искршиле стаклото од излогот на нивниот штаб во општина Кисела Вода. Од партијата го осудија инцидентот, а кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тaрчуловски, за медиумите изјави оти верува дека станува збор за изолиран случај и дека вандализмот не е дело на политичките опоненти.

– Ако денот по утрото се познава, не е на арно. Ноќеска нашиот штаб беше искршен. Веруваме дека тоа не е намерно направено од опонентите, туку дека се работи за изолиран случај од некој кој сака да наштети на изборите. Ќе ги отфрлиме овие проблеми како неважни. Ние си имаме наша програма и ќе се држиме до своето. Нашата кампања ќе биде позитивна – рече Тарчуловски.

Синоќа бил оштетен и општинскиот изборен штаб на СДСМ во Аеродром, кој, како што информираат од партијата, бил измачкан со измет.

„И покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ се обврза на фер и коректна кампања, уште во текот на ноќта беше извршен вандалски чин во кој беше оштетен еден од нашите штабови. Згрозени сме од чинот и од начинот на кој бил извршен овој одвратен напад. Имено, во текот на ноќта еден од нашите штабови во месната заедница Васко Карангелевски бил измачкан со измет“, соопштија од општинскиот изборен штаб на партијата.

Оттаму велат дека вакви постапки не доликуваат на Македонија и додаваат „токму поради овие дела ВМРО-ДПМНЕ ќе биде опасно казнета на 15 октомври“. Од изборниот штаб на СДСМ во Аеродром уште еднаш повикаа на фер и коректна кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...