fbpx

Изаири: „Југохром“ требаше да ги врати на работа сите отпуштени работници

-

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, смета дека комбинатот „Југохром“ не ја запазува социјалната димензија. Тој изјави дека на работа требаше да се вратат сите 1.100 работници, што беше еден од условите Владата да го продолжи рокот за изградба на системот за отпрашување на фабриката.

– Кога Владата го продолжи рокот за поставување на филтри на оџаците, го задолжи „Југохром“ да ги врати сите 1.100 работници. И оваа социјална мерка комбинатот не ја почитува – рече Изаири.

Од раководството на „Југохром“ велат дека во комбинатот засега работат 450 лица.

Наредниот месец сите вработени ќе бидат вратени на своите работни места.

– Ние на почетотокот на месецов го рестартиравме производствениот процес, но седмата печка не ја вклучиме. Моментално на оваа печка се прави ремонт. Ремонтот ќе биде завршен до средината на наредниот месец, кога ќе бидат вратени сите отпуштени работници – изјави генералниот директор на комбинатот „Југохром“, Васко Скендеровски.

„Југохром“ го рестартираше производствениот процес по два месеци пауза, одлука која раководството на комбинатот ја донесе за да влијае на алармантното аерозагадување во Тетово, кое е најизразено во зимските месеци. Од раководството на комбинатот велат дека работат на проектот на поставување филтри на оџаците, кој очекуваат дека целосно ќе се имплементира до октомври годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...