fbpx

Иванов, „згрозен и злоупотребен“, негира сè и бара одговор од УБК зошто е прислушуван

-

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги негираше и наводите од службената белешка на УБК од објавеното решение за притвор за Кирил Божиновски, исто како и во случајот со Миле Јанакиески.

Од кабинетот на претседателот велат дека се „згрозени“, дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Божиновски, ниту со негов посредник и негираат дека е остварена средба со посредник на Јанакиески.

„На идентичен начин се злоупотребува Претседателот на Република Македонија. Единствената разлика во содржината на цитираната белешка е што во првиот случај се посочува на остварена средба со посредник на Миле Јанакиески, а во вториот на средба со посредник на Кирил Божиновски. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија јавно прашува дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори“, велат од кабинетот на Иванов и ги повикаа МВР и УБК одговорат врз основа на што се следат активностите на Претседателот на Република Македонија и неговиот Кабинет, од страна на УБК.

Од таму бараат собраниската Комисија за надзор над работата на УБК, Советот на јавни обвинители, Судскиот совет и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации да утврдат одговорност за целиот случај и да го известат Иванов.

„Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема добиено одговор за барањата упатени вчера, до министерот за внатрешни работи, до директорот на УБК и до претседателот на Основниот суд Скопје 1, за достава на службената белешка на МВР-УБК, која е со лажна содржина и наведува на сомневање дека се следат активностите на Претседателот на Република Македонија, а воедно е употребена како аргумент при определувањето мерка притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски“, додаваат од кабинетот и потенцираат дека за ова биле известени странски дипломатски претставници во Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...