fbpx

Иванов за шеф за разузнавање го именуваше специјалистот за психолошко војување Иванов

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска за нов директор на Агенцијата за разузнавање (АР) го именуваше Зоран Иванов, откако на досегашниот, Наќе Чулев, му истече мандатот, соопштија од кабинетот на Иванов.

Зоран Иванов досега ја извршувал функцијата началник на военото разузнавање во рамките на службата за воена безбедност и разузнавање.

„Тој е професионален кадар на Министерството за одбрана и активен воен персонал со борбено искуство во извршување на операции во земјата и меѓународните одбранбени мисии во странство. По завршување на воената академија во Скопје е поставен на должност во батаљонот за специјални операции и е учесник во конфликтот во 2001 година. Одликуван е со медал бронзена ѕвезда за храброст од департментот за одбрана на САД за извршување на должност командир на воениот контингент и вршење на специјални операции и поддршка во Ирак во 2006 година. Има завршено и магистрирано на колеџот за команда и генералштаб во Форт Левернворт, САД, а докторирано на Институтот за националната историја на Република Македонија. Од 2009 година е началник на военото разузнавање. Покрај борбеното искуство, специјалист е за специјални операции и психолошко војување“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

Оттаму додаваат дека досегашиот директор, Наќе Чулев останува во составот на АР и „во соработка со новоименуваниот директор ќе ги продолжат отпочнатите процеси за трансформација на Агенцијата за разузнавање, чија мисија е собирање на податоци за информирање во одбрана на државата, заштита на националната безбедност и остварување на интересите во странство на Република Македонија“.

Иванов, во петокот, минатата недела, на свеченост во Македонскиот народен театар (МНТ) со орден ја одликуваше Агенцијата за разузнавање по повод 20 години од основањето, а особено како еден од основните сегменти на разузнавачко-безбедносниот систем на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...