fbpx

Иванов за британски „Телеграф“: Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Кина и Русија

-

Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Кина и Русија, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за британскиот весник „Телеграф“.

Македонскиот претседател смета дека ЕУ е заглавена во начинот на размислување од 20 век и во ситните внатрешни препирки, поради што не е во можност да се справи со предизвиците на денешницата,  вклучувајќи ги масовните миграции и дигиталниот транснационален криминал.

„Европската Унија ја остава вратата отворена за кинеското и за руското влијание на Балканот, поради нејзиниот апсолутен неуспех да се ангажира и да инвестира во регионот. До неодамна, не видовме руска инвестиција во Македонија. Но, повлекувањето на Европа, односно нејзиното неопстојување на ветувањата дека Балканот ќе стане дел од Европската Унија, станува повик на ЕУ до другите да дојдат и да го пополнат тој простор – вели Иванов во интервјуто.

Македонскиот претседател смета дека континуираното блокирање на Грција за влезот на Македонија во НАТО или за почетокот на преговорите за пристапување кон ЕУ,  ја остави земјата во геополитичка неизвесност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...