fbpx

Иванов во 18.45 часот пак ќе ѝ се обрати на нацијата

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати до нацијата, соопштија од кабинетот на претседателот.

Во соопштението не се наведува темата за која претседателот ќе се зборува во 18.45 часот.

Ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци. Првото обраќање го имаше на 12 април, кога со аболицијата ги прекина сите судски процеси против политичарите и нивните соработници. По бурните реакции на јавноста и на меѓународната заедница, Иванов имаше уште едно обраќање до нацијата, на 15 април, кога рече дека останува на својот став за аболицијата и дека не ја повлекува. Еден месец подоцна, на 27 мај, го имаше третото обраќање, на кое повлече дел од одлуките за аболиција на политичари. Повлекувањето на другите одлуки, го направи на 6 јуни, но без обраќање до нацијата, преку соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...