fbpx

Иванов: Владата наместо на квантитетот да се фокусира на квалитетот на реформите

-

Како претседател на Република Македонија како и до сега ќе продолжам да соработувам со Владата и ќе ги поддржувам суштинските европски реформи кои ќе произлезат од отворена и вистинска јавна дебата и околу кои ќе се постигне широк консензус. Ова вечерва, меѓу другото, го рече претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на приемот за членовите на дипломатскиот кор што се одржа во Гевгелија.

Шефот на државата истакна дека поради недостаток на време и волја, се нудат фалични решенија за правосудниот и за системот за национална безбедност.

– Во брзањето се носат и решенија кои се контрапродуктивни и кои наместо соживот и носат поделби. Вчера донесов одлука да не го потпишам указот за прогласување на репресивниот и противуставен Закон за употреба на јазиците, изгласан без јавна расправа, без научна дебата, без вклученост на академската и експертската јавност и без опозицијата. Очекувам Владата наместо на квантитетот да се фокусира на квалитетот на европските реформите. Одмаздата не е патот до помирувањето – рече Иванов.

Тој истакна дека имаме забрзана динамика и во однос на прашањето за името со Грција, и порача дека треба да се внимава „брзајќи да не излетаме од патот трасиран со повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата“.

Освен предизвици, шефот нна државата подвлече дека „2018 е и година на можности“ и дека охрабрува тоа што „Балканот е повторно во фокусот на Европската Унија“.

– Преку својата нова стратегија за проширувањето, Европската комисија може да понуди нова надеж за регионот. Бугарското и австриското претседавање со Унијата може да ја забрза интеграцијата на регионот…2018 година е и можност НАТО да ја исправи неправдата од Букурешт и да и го даде заслуженото членство на Република Македонија – рече Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...