fbpx

Иванов: Тврдењата на СДСМ се небулозен и груб обид за манипулација

-

Тврдењата на СДСМ дека претседателот Иванов лаже дека постапил како претседателот Глигоров и дека го крши Уставот претставуваат груба лага и груба манипулација со јавноста, се вели во реакцијата на кабинетот на Иванов на соопштението на СДСМ.

„Наводите на СДСМ дека претседателот Глигоров го доделил мандатот на второпласираната партија на тогашните избори, повикувајќи се на објавено соопштение од 14 јули 1992 година, претставуваат груба лага, бидејќи информациите изнесени во соопштението од 14 јули 1992 година се однесуваат на консултации што претседателот Глигоров ги извршил со СДСМ. Факт е дека во соопштението од 14 јули 1992 година, на кое се повикува СДСМ, претседателот Глигоров не го доверува мандатот на СДСМ за состав на влада, туку од нив бара да посочат кандидат за мандатар. Три дена подоцна, на 17 јули 1992 година, СДСМ во присуство на сите партии што го сочинувале парламентарното мнозинство, го информираат претседателот Глигоров дека успеале да обезбедат парламентарно мнозинство и го определуваат Петар Гошев за мандатар“, се наведува во соопштението.

Кабинетот на Иванов оценува дека тврдењата на СДСМ дека претседателот Иванов, наводно, поставува дополнителни услови за доделување на мандатот за состав на владата, се „небулозен и груб обид за манипулација“.

„Барањата што претседателот Иванов ги истакна не претставуваат услови, туку политички ставови на претседателот Иванов за идните приоритети на новата влада, кои се конзистентни и се однесуваат на сите политички структури во земјата. Претседателот Иванов има целосно легитимно право да изнесува политички ставови и барања поврзани со државните интереси и од тоа нема да отстапи и во иднина“, додаваат од кабинетот на Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...