fbpx

Иванов: Тероризмот е резултат на погрешното толкување на религијата

-

Борбата против тероризмот не смее да ги ограничи човековите права, порача претседателот Ѓорге Иванов, на форумот што денеска се одржа во Каиро на тема „Демократската безбедност во време на екстремизам и насилство“, во организација Александриската библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Иванов истакна дека борејќи се против тероризмот и екстремизмот, современата држава ги проширува своите овластувања и надлежности, и со тоа го стеснува просторот на човековите права и слободи.

Тој посочи дека Република Македонија беше првата држава во Европа што прогласи кризна состојба поради заканата од илегалната миграција и ја распореди армијата на границата.

– Но, ние никогаш не ја употребивме кризната состојба за проширување на ингеренциите на државата и за ограничување на човековите права, вклучително и правата на мигрантите – додаде македонскиот претседател.

Тој оцени дека борбата против тероризмот не е доволно да се води само со воени технологии, туку и со идеи и со програми за контрарадикализација.

-Убиството и теророт не се резултат на религијата, туку на погрешното толкување на религијата, на неморалноста на поединците со стврднати срца, арогантни души и со искривена логика. На радикализацијата да се спротивставиме со програми за контрарадикализација – рече Иванов.

За време на работната посета на Арапската Република Египет, предвидено е претседателот Иванов да оствари средба со египетскиот претседател, Абдел Фатах ал Сиси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...