fbpx

Иванов со честитка до Обама по повод 4 јули

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод националниот празник на Соединетите Американски Држави, 4 Јули – Ден на независноста, упати честитка до претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама.

„По повод 4 Јули – Денот на независноста, ми претставува особена чест и задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најискрени честитки и срдечни желби за просперитет на Вашата држава, како и за благосостојба на пријателскиот aмерикански народ.

Ја користам оваа пригода, уште еднаш да нагласам дека нашите две држави ги поврзува традиционално пријателство, споделени заеднички вредности, како и стратешко партнерство во повеќе значајни домени. Активното учество на Република Македонија во повеќе мировните мисии, како и силната посветеност кон глобалната коалиција за борба против тероризмот, се важен дел од заедничките активности во регионален и во мултилатерален контекст.

Високо го цениме севкупниот придонес, како и силната и континуирана поддршка на Вашата држава за консолидирање на мирот, демократијата и на стабилноста во регионот, како и за остварување на стратешките надворешно-политички цели на Република Македонија.

Стапувањето на Република Македонија во одамна заслуженото полноправно членство во НАТО, и понатаму останува голем предизвик со кој нашата држава се соочува. Во тој контекст, ја очекуваме Вашата понатамошна, уште позасилена поддршка во пресрет на Самитот на Алијансата, во јули оваа година во Варшава“, стои во честитката.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...