fbpx

Иванов со амбасадорите од ЕУ разговарал за евроинтеграциите

-

Потребно е Европската Унија да направи исчекор и да определи датум за почеток на пристапните преговори со Република Македонија, односно да овозможи отворање на поглавјата 23 и 24, порачал претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на денешната работна средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Македонија.

Како што соопштија од претседателскиот кабинет, на средбата Иванов нагласил дека лидерите на парламентарните партии треба да покажат одговорност и да ја обноват посветеноста за европска и за евроатлантска Македонија, а приоритет да се даде на закони и на решенија од европската агенда.

„Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија ја поздравија одлуката на претседателот Иванов за доделување мандат за составување Влада на Република Македонија, со што се отвора можноста за нормализација на состојбите и за политичка стабилност во земјата. На средбата беше истакнато заемното очекување новата влада во своите приоритети да ја има ЕУ-агендата, односно реформите кои ќе ја забрзаат интеграцијата на Република Македонија во ЕУ“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

На средбата се разговарало и за предизвиците со кои се соочуваат Република Македонија и целиот регион, како што се мигрантската и безбедносна криза, екстремниот радикализам, подемот на националистичка реторика во регионот. Амбасадорите се интересирале и за неодамнешните посети на претседателот Иванов на Јордан, Русија и на Ватикан, како и за претстојните учества на самитот Брдо-Бриони и на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...