fbpx

Иванов се стави над законот, Уставот и над Собранието, велат експертите

-

Ова што денеска го направи претседателот Ѓорге Иванов е класична злоупотреба на овластувањата. Ова е реакцијата на професорот по кривично право Гордан Калајџиев за денешната постапка на Иванов, со која ги аболираше и ги амнестираше сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, против кои има правосилна судска одлука.

– Претседателот се ставил и на законот и над Собранието, Специјалното јавно обвинителство, со тоа што практично направи амнестија на сите политичари. Амнестијата се прави со донесување закон и тоа го прави Собранието, а не претседателот. Тој треба да исправува неправди, а не да прави вакви работи. Ова е срам за еден универзитетски професор по право – вели Калајџиев.

Тој смета дека начинот на кој ова го презентирал Иванов, наговестува помилување и за идни постапки.

Професорот по современи политички теории Љубомир Фрчкоски вели дека ваквата одлука на Иванов е правно неиздржана и е директен удар врз Специјалното јавно обвинителство и против сите негови сегашни и идни активности.

– И после сè што се случуваше во изминатиов период, шокирана сум! Лудилото нема крај! Ова е голем срам за Македонија! Не сакам да зборувам дека е невозможно претседател да амнестира, бидејќи тоа е надлежност на Собранието, ниту да помилува со општ акт, бидејќи мора поименично да ги наброи сите лица кои сака да ги помилува! Не сакам да зборувам дека законот за помилување е осакатен и нефункционален! Самата идеја е луда! И дискриминирачка! Идејата да има граѓани кои ќе одговараат за марула и ќебапчиња и мафијаши на кои се би им се простило! Лудило наречено аболиција – напиша професорка по уставно право Рената Тренеска Дескоска на нејзиниот фејсбук-профил.

Специјалното јавно обвинителство чека да ја добие интегрално одлуката на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за аболиција и за амнестија на политичарите против кои се водат правосудни постапки, по што ќе излезат со официјален став, велат за „Мета“ од СЈО.

Како што ни рече портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристовска, за да не бидат извадени од контекст, во овој момент не би сакале да изнесуваат никакви коментари во јавноста, сè додека не ја добијат интегрално одлуката на претседателот Иванов.

– Чекаме на понатамошни детали и појаснувања. Меѓутоа, изјавата на претседатеот предизвикува сериозна загриженост за посветеноста на Македонија на вледеењето на правото – се вели во првичната реакција на американската амбасада во Скопје.

Амбасадите во Република Македонија, ЕУ и на Германија, засега немаат никаква реакција и чекаат официјално да ја добијат одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.

Европската комисија, исто така, чека информација од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...