fbpx

Иванов се сретна со кардиналот Паролин

-

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска се сретна со државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, кој е во официјална посета на Република Македонија.

На средбата се разговарало за билатералните односи меѓу Македонија и Светиот Престол, како и за тековните иницијативи во насока на продлабочување на меѓусебната соработка.

„Вашата посета, не само што ми овозможува да ви го возвратам извонредното гостопримство, кое ми беше укажано за време на мојата официјална посета на Ватикан минатата година, туку претставува и своевидна потврда за силната поврзаност, меѓусебното почитување и за искреното пријателство меѓу Република Македонија и Светиот Престол“, истакнал претседателот Иванов.

Како што пишува во соопштението од кабинетот на претседателот, Иванов ја поздравил одлуката на Ватикан за прогласувањето на Мајка Тереза за светица, нагласувајќи дека овој чин е од особена културна и историска важност за  Македонија и истакнал дека нашата земја ќе се вклучи во одбележувањето на канонизацијата на Мајка Тереза со повеќе активности.

Иванов изразил надеж дека папата Франциск ќе ја прифати поканата за посета на Македонија, што би било од огромно значење за унапредување на билатералните односи, за католичката заедница во Македонија и воопшто за сите христијански верници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...