fbpx

Иванов: Отсуството на НАТО и на ЕУ може да го загрози Балканот

-

„Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на Европската Унија и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот. Во последниов период слушаме реторика и гледаме постапки кои по многу нешта потсетуваат на периодот што мислевме дека е далеку зад нас – периодот на распадот на една заедничка поранешна држава“, рече претседателот Ѓорге Иванов на вечерашното обраќање во Струга, на приемот за членовите на дипломатскиот кор акредитиран во Македонија.

– Големиот Ајнштајн рекол: „Послабите луѓе враќаат со иста мера, силните луѓе простуваат, интелигентните едноставно игнорираат“. Долго време не ги коментирав изјавите и постапките на некои политичари од соседството затоа што верував дека само со игнорирање можат да се изолираат. Иако не заслужуваат коментар, сепак ќе кажам дека отворањето на старите рани и мешањето во внатрешните работи на државите може да ги загрози добрососедските односи. А добрососедските односи не се еднонасочна, туку двонасочна улица – истакна претседателот на Македонија.

Иванов порача дека статус кво состојбата во европската и во евроатлантската интеграција е дел од проблемот, а не од решението на политичката криза во Македонија.

Во неговото 8. обраќање пред членовите на дипломатскиот кор, тој напомена оти очекува политичките партии во преговорите за формирање нова влада да водат сметка за државните интереси.

– Нема да зборувам за политичката криза во Република Македонија. Само ќе кажам дека очекувам политичките партии во постизборните преговори да водат сметка за државните интереси на Република Македонија и за националните интереси на македонскиот народ – рече претседателот Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...