This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Nov 20 11:57:00 2017 / +0000 GMT

Иванов - Орбан: Други држави да не се мешаат во внатрешните работи на Македонија




Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Унгарија, се сретна со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кому му изразил благодарност за поддршка што Македонија ја добива од Унгарија во однос на уставното име, за предизвиците од илегалната миграција, како и за унгарската иницијатива за осуда на тиранската платформа на последниот состанок на Европскиот совет.

- За Унгарија неприфатливо е други држави да се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија. Нови предвремени избори се единствено исправно решение за излез од политичката криза во Република Македонија - порачал унгарскиот премиер Орбан, соопшти кабинетот на Иванов.

Премиерот Орбан го информирал Иванов дека Унгарија има цврст став против тиранската платформа и додадал дека стабилноста на ЕУ е невозможна без стабилноста на Република Македонија.

Орбан, исто така, нагласил дека ЕУ има погрешен пристап кон Република Македонија и дека нашата држава одамна требало да стане членка на ЕУ и на НАТО.
Post date: 2017-03-20 19:51:19
Post date GMT: 2017-03-20 18:51:19
Post modified date: 2017-03-20 21:03:23
Post modified date GMT: 2017-03-20 20:03:23
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com