fbpx

Иванов: Од некои земји членки на ЕУ добиваме мешани пораки за замор од проширување

-

Иднината на нашиот регион е во Европската Унија. А, сепак, од некои земји членки на Унијата добиваме мешани пораки за замор од проширувањето, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на отворањето на состанокот на директорите на Агенциите за разузнавање од земјите учеснички во Процесот Брдо – Бриони, што денеска се одржува во Скопје.

– Тој замор, меѓу другото, се должи и на перцепцијата за Балканот како периферија на Европа, како регион што е инхерентно нестабилен. Недостатокот на доверба меѓу нас е совршена шанса за влијание на трети страни врз економскиот просперитет на државите, оживување на етнонационалистички проекти и спречување на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. За да ја промениме ваквата перцепција, ние мора наместо реактивни, да бидеме проактивни. Заканите со кои се соочуваме бараат креативност, партнерство и неконвенционално размислување – рече Иванов.

Според него, партнерството се постигнува со градење доверба заради веродостојни податоци, заеднички операции и заштита на информациите.

Иванов потенцира дека за спречување на меѓународниот тероризам, илегалната миграција, транснационалниот организиран криминал, употребата на интернетот за субверзија, хибридните закани и нелинеарната војна се потребни размена на податоците, заедничко работење и меѓусебно помагање.

– Да градиме партнерски односи, да разменуваме веродостојни информации, да си го чуваме грбот едни на други, бидејќи ако ние тоа сами не го правиме, никој друг нема тоа да го прави наместо нас – додаде Иванов.

Состанокот на директорите на Агенциите за разузнавање на земјите учеснички во Процесот Брдо – Бриони се одржува за прв пат на иницијатива на Република Македонија и на него се дискутира за безбедносната поврзаност, како сегмент на регионалната соработка.

Собирот е во пресрет на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо – Бриони, што на 27 април ќе се одржи во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...