fbpx

Иванов: Неодлучноста на ЕУ да ја деблокира интеграцијата е една од причините за кризата

-

Неодлучноста на Европската Унија и на НАТО да ја деблокираат интеграцијата на Македонија беше една од главните причини за политичката криза во Македонија, што кулминираше оваа година.

Ова, меѓу другото, го кажа претседателот Ѓорге Иванов на панел-дискусијата посветена на проширувањето на Европската Унија на конгресот на Паневропската унија во Виена.

– Неодлучноста на Унијата да ги надмине блокадите и заморот од проширувањето доведе до ретроградни процеси во Југоисточна Европа. Наместо да го европеизира Балканот, Европската Унија се балканизираше. Сега е време Европската Унија повторно да се европеизира себеси, а со тоа и Балканот – порача Иванов.

Тој оцени дека на Балканот повторно има ретроградни процеси, реториката меѓу балканските држави се заострува, додавајќи дека поради заморот од проширувањето и привлечната сила на Унијата е опадната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...