fbpx

Иванов: Недозволиво е германска амбасада да темели соопштение на лажни информации

-

„Амбасадорот на германското министерство се служеше со лажни вести, па Меркел мораше да се извинува за неточни информации кои ги добивала од нивната амбасада. Апелирам до Германија дека вакво ниво на дипломати е навреда за нашата земја. Недозволиво е на лажни информации да темелат соопштение од германска амбасада. Како порано да го дадам мандатот? Со кршење на Уставот?“, изјави вечерва претседателот Ѓорге Иванов во интервју за телевизија „Нова“.

Оваа реакција на Иванов следува откако Министерството за надворешни работи на Германија, во соопштение  го поздрави доделувањето на мандатот, но исто така напиша и дека оваа одлука требало одамна да се случи.

Прашан, меѓу другото, за влијанието на меѓународниот фактор изиминатиот период, Иванов изјави дека „треба да нè загрижи квалитетот на дел од дипломатите во Република Македонија“.

„Пријателските земји доаѓаа со желба да се надмине кризата, советуваа и нè упатуваа како да се постапи, но имавме и незгодни средби, телефонски повици со некои лица кои не беа информирани и со погрешни претстави носеа судови без да ги проверат“, додаде Иванов.

Претходно, претседателот Иванов гостуваше и во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...