fbpx

Иванов со Хојт Ји: Пречките за влада се надминливи, но со запазување на унитарноста

-

Македонскиот претседател; Ѓорге Иванов, на денешната средба со заменик-помошникот на државниот секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Хојт Брајан Ји, порачал дека се надминливи пречките за доделување мандат за влада, но само доколку постои вистинска определба на лидерите на партламентарните политички партии. Истовремено, Иванов побарал асистенција од САД за парламентарното мнозинство да го добие мандатот. Сепак, напоменал дека платформата на албанските партии за него е ненадминлива.

„Претседателот Иванов подвлече дека доколку постои вистинско лидерство од претседателите на парламентарните партии, правната и политичката пречка за определување на мандат за состав на влада се надминливи. Македонскиот претседател побара од САД, како стратешки партнери на Република Македонија, да помогнат за пречките да се отстранат и да се овозможи парламентарното мнозинство да го добие мандатот“, се вели во соопштението за медиумите испратено од претседателскиот кабинет.

Притоа, Иванов го осудил „секое политичко и физичко насилство во Република Македонија и истакна дека единствено преку дијалог мора да се бараат решенија“.

„Преседаните со кои се воведува практика, а нелегалното станува легално ги поткопува основните демократски принципи“, рекол Иванов.

Тој на средбата со Хојт Ји рекол дека бара од лидерот на СДСМ да го исполни јавно искажаниот збор дека „заедно со коалиционите партнери ќе дојдат и ќе обезбедат гаранции за зајакнување на унитарноста на државата и дека сè ќе биде во согласност со Уставот на Република Македонија“.

„Платформата од Тирана не може да биде услов ниту, пак, основа за формирање влада во Република Македонија“, констатирал македонскиот претседател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...