fbpx

Иванов на солзите на Груевски не им верува?

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов во интервјуто на „Сител“, на прашањето, кое му беше посредно поставено (во форма: Ве повикуваат), зошто не го свикува Советот за безбедност по информациите за масовно прислушување, зад кое, според тврдењата на едната страна, стои странска служба, тој одговори дека не може да заседава на основа на „медиумски извештаи и изјави на експерти“, иако прв ова на вонредно „обраќање до народот“ го обелодени  премиерот Никола Груевски.

Груевски во драматичното обраќање на 31 јануари годинава, изнесе многу повеќе од „медиумски извештаи и изјави на експерти“:

– Се работи за креирано сценарио за кое сите вие сте сведоци од самиот почеток, во кое на крај цела држава требаше да биде заложник. Има некои работи кои ниту еден одговорен човек и политичар во светот не може и не смее да ги игнорира и да ги остава настрана. Таква работа е интересот на државата. Во цели 24 години независнот на оваа држава, вакво нешто ниту еден политичар, дури ни најконтроверзните, не направиле. Сакам да го порачам следното. Закани и уцени и вакви местенки не прифаќам и не проаѓаат и на сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња, туку сме Македонци. Ова е голема штета што ѝ се прави на државата по нејзиниот углед и имиџ … Според досегашните сознанија што ги добив од МВР, зад снимањето стои странска разузнавачка служба… Да се опише кој со кого зборува, какви функции имаат и кои се нивните меѓусебни односи, за нарачателот да има целосна и јасна слика со анализа, поткрепена со транскрипти од конкретни разговори од истакнати личности од политичкиот животрече тогаш Груевски.

Но, за Иванов и овие драматични изјави на Груевски се несериозни и не се доволен повод за свикување на Советот за безбедност.

Тој тоа во интервјуто за „Сител“ синоќа вака го објасни:

– Сите тие што повикуваат (да го свика Советот за бесбедност, н.з.), а ги гледам и бивши политичари, аналитичари, треба да знаат дека од 2005 година имаме ние и Закон за справување со кризи, во кој е утврдена постапката како се постапува во вакви моменти. Јас не можам да расправам на основа на медиумски извештај или изјави на експерти. Си има одредена процедура како заседава Советот за безбедност и заклучоците што ги носи ги обврзуваат и Владата и Собранието. Во меѓувреме, јас имав состаноци со надлежните институции од сферата на безбедноста, кои на некој начин се во моја надлежност – со Агенцијата за разузнавање и со военото разузнавање и ги барав сите можни закани или ризици кои постојат однадвор. За сите тие укажани состојби ние ги известивме пријателските служби и земји, околу 15 членки на Европската унија и на НАТО се известени за сите можни потенцијални ризици и закани за Македонија. Од тој аспект, процесот во сферата на безбедноста се одвива.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...