fbpx

Иванов му го честиташе изборот на Мицкоски

-

Претседателот државата, Ѓорге Иванов, денеска во својот кабинет го прими новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од кабинетот на претседателот информираат дека Иванов на Мицкоски му го честитал изборот и му посакал успех во вршењето на функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот Иванов изрази очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија активно ќе дава придонес во процесите за остварување на стратешките цели на државата, како и за зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија“, велат од претседателскиот кабинет.

Мицкоски, во саботата на партискиот конгрес во Валандово, беше избран за нов лидер на најголемата опозициска ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа на местото на Никола Груевски кој беше на чело на партијата од 2003 година. Од 438 пријавени делегати на конгресот, 376 гласаа за изборот на Мицкоски, додека 52 ливчиња беа неважечки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...