fbpx

Иванов: Македонскиот модел на соживот се темели на отвореност и на дијалог

-

Додека мојата земја, Република Македонија, членува во Советот за човекови права, моите сограѓани се соочуваат со негирање на нивното право на идентитет и јазик, рече претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, на Високиот сегмент на Советот за човекови права на Обединетите нации, кој се одржа во Женева.

„Насловните страници се преплавени со вестите за стотици илјади прогонети, свирепо убиени и исчезнати. Слушаме за религиски екстремизам, за индоктринирање, радикализирање и за регрутирање млади луѓе на боиштата на Блискиот Исток и во Северна Африка. Но, слушаме и за исмевање на религијата. Како што секуларниот свет беше шокиран од нападите против слободата на говорот, така и несекуларниот свет е шокиран од секуларните напади против слободата на религијата. Медиумите имаат многу важна улога во доменот на човековите права. Но, треба да бидеме свесни дека најголем непријател на слободата е неограничената слобода. На Западот се разви концептот на толеранција. Во Македонија, пак, применуваме нешто што е повеќе и од толерирањето, а тоа се почитувањето и прифаќањето на различноста. Разликата меѓу двата концепта е суштинска бидејќи се толерира она што се мора, а се почитува она што се сака. Додека толеранцијата е еднонасочен, почитувањето и прифаќањето се двонасочен процес. Сведочејќи за негативните ефекти на интеграцијата со асимилација, ние го нудиме позитивниот пример на македонскиот модел на интеграција без асимилација. Македонскиот модел на соживот што го наследивме од предците и го развиваме за потомците, се темели на принципот на отвореност и на дијалог. Бидејќи, оној што комуницира, се интегрира, а оној што не комуницира, се гетоизира. Нашиот модел не е идеален, но дава поголема можност за полесно остварување на индивидуално и колективно остварување на идентитетските права. Затоа, Република Македонија е целосно посветена на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог“, рекол претседателот Иванов.

Со Високиот сегмент денеска почна 28. сесија на Советот за човекови права на Обединетите нации, која ќе се одржува во наредните четири недели.

Претседателот Иванов денеска се сретна со претседавачот на Советот, Јоаким Рукер, и со високиот комесар за човекови права на ОН, Зеин Раад ал Хусеин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...