fbpx

Иванов ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор во Струга

-

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва во Струга ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и за почесните конзули во Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.

На приемот, кој традиционално се приредува по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања ќе имаат претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Олег Шчербак.

Во рамки на дипломатскиот прием, што според воспоставената практика се одржува надвор од главниот град, Иванов и претставниците на дипломатскиот кор утре ќе ја посетат општина Вевчани, каде што е предвидена посета на црквата „Св. Никола“ и на Вевчанските извори.

Традиционалниот прием по повод новогодишните и божиќните празници за претставниците на дипломатскиот кор, изминатите години беше приреден во Битола, Крушево, Гевгелија и во Берово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...