fbpx

Иванов: Грција да не ја држи Македонија во заложништво за приемот во НАТО

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов порача оти очекува на претстојниот самит на НАТО конечно Македонија да стане членка на Алијансата, а Грција „да покаже свест за она што се случува во регионот и своите себични интереси да не и бидат основа за да не држи во заложништво“. При денешната посета на војниците во касарната Чојлија, тој рече и дека за спорот со името Македонија направила многу во процесот во рамките на ОН, но Грција не ги исполнува своите обврски.

– Се надевам дека овој нареден период структурите на НАТО нема да бидат заложници на една нејзина членка која поаѓа пред се од своите интереси, а не од интересите на НАТО и од состојбата во целиот регион. Очекуваме на претстојниот Самит на НАТО тоа да биде изложено и Македонија конечно да стане членка на НАТО. Тоа што Грција го бара е во рамки на Обединетите нации и таму се води спорот за името. Таму ние активно учествуваме сите овие години, но се соочуваме со барања кои не се во согласност со Повелбата на ОН и резолуциите на ОН кои не соодејствујваат со билатералната спогодба, која доброволно Грција ја прифатила, а не ја исполнила – рече Иванов.

Во однос на бугарското претседавање со ЕУ, македонскиот претседател вели дека Македонија јасно ги истакнала своите очекувања- конечно да добие датум за почеток на преговорите.

– Тоа е долг и мачен процес, но ние сме подготвени и нашата администрација е подготвена. Сите прашања кои произлегуваат од нашето прилагодување со ЕУ, се исполнети во текот на преговорите. Таа блокада скапо не чини, но досега не видовме дека на некој на било кој начин и укажал на Грција за штетата што и ја прави на Македонија и на целиот регион – вели Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...