Иванов го разреши Агрон Буџаку од функцијата амбасадор во Франција


       
Скопје, 27 октомври, 2015 - 10:31 (META) 

Агрон Буџаку, амбасадор на Македонија во Франција, со указ од македонскиот претседател Ѓорге Иванов е разрешен од функцијата.

Неговата функција како амбасадор во Француската Република завршува заклучно со 4 декември оваа година.

Буџаку за македонски амбасадор во Франција е именуван во 2009 година, откако претходно беше министер за транспорт и врски.