fbpx

Иванов го назначи генералот Нуредини за нов заменик-началник на генералштабот на АРМ

-

Врховниот командант на АРМ, претседателот Ѓорге Иванов, го смени заменик-началникот на Генералштабот, бригадниот генерал Мухамет Рацај, објави „Порталб.мк“.

Информацијата ја потврдуваат и од кабинетот на претседателот, од каде велат дека декретот за смената на Рацај бил објавен во „Службен весник“.

„Да, информациите се вистинити и декретот е објавен во „Службен весник“. Рацај е разрешен, а Азим Нуредини е именуван на негово место”, потврдиле од кабинетот на Иванов за „Порталб“.

Инаку, Рацај на позицијата заменик-началник на Генералштабот на АРМ дојде на 18 август 2015 година.

Бригадниот генерал Нуредини, кој го заземе местото на Рацај, претходно беше началник на Здружената оперативна команда. По потекло е од Битола, а завршил Воена академија во Белград. Чинот бригаден генерал го доби во 2015 година. Одликуван е со медал на ИСАФ за учество во мировна мисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...