fbpx

Иванов го додели мандатот, Заев гарантира зачувување на државните интереси

-

Пречките за доделување мандат за формирање влада се отстранети, соопшти денеска претседателот Ѓорге Иванов, кој му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев истакна дека двете пречки за доделување на мандатот се отстранети и оти во писмена форма ја доставил гаранцијата до Иванов.

– Гарантираме заштита на унитарноста, суверенитетот, територијалниот интегритет, независноста и на мултиетничноста на Република Македонија. Гарантираме заштита на уставниот поредок и на територијалната целина на Република Македонија. Гарантираме заштита на државните интереси и унапредување на животот на сите граѓани без оглед на етничката, религиската и на јазичната припадност. Гарантираме дека процесот на носење одлуки за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото, недоведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејство што би биле спротивни на погоре наведените ставови, не можат да бидат услов ниту основа за формирање и за дејствување на Владата на Република Македонија – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...