fbpx

Иванов го добил писмото од Џафери, ќе постапел согласно Уставот

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го добил писмото од собраниските служби во кое новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, го информира шефот на државата дека е конституирано парламентарно мнозинство, потврдиле од кабинетот на Иванов за македонската редакција на „Радио Слободна Европа“.

„Кабинетот на претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на Република Македонија. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе постапи во согласност со Уставот на Република Македонија и воспоставената практика“, навеле од кабинетот на шефот на државата.

Собраниските служби претходно соопштија дека претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска со писмо го известил претседателот на државата, Ѓорге Иванов, дека е формирано парламентарно мнозинство и дека е избран претседател на Собранието на Република Македонија.

„Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, очекува дека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ќе постапи според Уставот на Република Македонија“, беше наведено во соопштението од собраниските служби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...