fbpx

Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Обединетото Кралство и Саудиска Арабија

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска во вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, на предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот британски амбасадор Рејчел Галовеј, претседателот Иванов оценил дека постои заеднички интерес за натамошно интензивирање на одличните билатерални односи меѓу двете земји посебно во економската соработка и размена.

– Од 1993 година, Македонија и Обединетото Кралство во континуитет градат пријателски релации особено во контекст на британската поддршка и помош за Република Македонија и за нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО. Во оваа свечена пригода би сакал да истакнам дека граѓаните на Република Македонија се посебно благодарни за поддршката што Обединетото Кралство ја дава во остварувањето на македонските стратешки приоритети – рекол претседателот Иванов.

Амбасадорката Галовеј истакнала дека Западниот Балкан е значаен регион за Обединетото Кралство, што го покажале со неодамнешниот Самит во Лондон на којшто беше домаќин нивната премиерка.

– Ние ја зголемуваме нашата поддршка и за Македонија и за регионот со цел да ги поддржиме вашите напори за градење просперитет во безбедно и стабилно соседство. Успехот во овие области ќе биде од корист за Обединетото Кралство и за Европа како целина – рекла амбасадорката Галовеј.

На средбата со новоименуваниот саудиски амбасадор со седиште во Тирана, Абдулмомен бин Мохамед Шараф, македонскиот претседател го потенцирал интересот на Македонија за унапредување на севкупната соработка со Кралството Саудиска Арабија, особено во делот на економската соработка и трговската размена. Претседателот Иванов изразил уверување дека амбасадорот Шараф со своето дипломатско и професионално искуство ќе придонесе во развивањето на билатералните односи меѓу двете земји

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...