fbpx

Иванов ги потпишал указите за законите за образование

-

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 14 јануари 2015 година, пишува во соопштението објавено на веб-страницата на претседателот.

Како што велат од неговиот кабинет, Иванов ги потпишал законите врз основа на сите извршени анализи и консултации во изминатиот период, како и од констатациите произлезени од бројните средби со најдобрите студенти од сите универзитети во Република Македонија, што редовно се одржуваа изминатите шест години.

Заедничка констатација од сите средби била дека  Македонија има неспорна потреба од успешна трансформација на високото образование, дека на нашата земја ѝ се потребни студенти и професори препознатливи и конкурентни на глобалниот пазар на знаење.

– Претседателот Иванов доби цврсто уверување од предлагачот на законите дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти за високо образование. Од сите овие активности и инклузивен дијалог, ќе произлезе целосно нов закон за високо образование – стои во соопштението од Кабинетот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...