fbpx

Иванов ги откажал другите обврски и ги чека лидерите на средба и во наредните денови

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.

Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, кабинетот на претседателот на Република Македонија останува отворен за дијалог и за барање решение за надминување на оваа состојба, преку почитување на правниот поредок на Република Македонија.

Претходно планираните обврски од агендата на претседателот Иванов се откажани, поради новонастанатата состојба, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...