fbpx

Иванов ги избегна новинарите и соопшти дека бара разумност и одговорност

-

Претседателот Ѓорге Иванов, во соопштение од неговиот кабинет, изразува целосна поддршка за брзо, ефикасно и транспарентно постапување на сите надлежни државни органи во утврдувањето на постоење активности спротивни на уставно-правниот поредок и во санкционирањето на сторителите на кривични дела.

Иванов, сепак, избегна да одговори на новинарските прашања на денешната средба со началникот на Генералштабот на Република Македонија, Горанчо Котески.

Во Домот на АРМ, каде Котески требаше да реферира за безбедносната состојба во земјава, на новинарите не им беше дозволено да постават прашање, иако тие инсистираа на тоа.

Нив од протоколот им беше соопштено дека средбата не е јавна и дека можат да направат само фотографии и видеокадри.

Иванов се очекуваше да одговори на прашањата поврзани со неговата надлежност околу аферата со прислушување на повеќе од 20.000 граѓани.

„Повикувам, политичките субјекти во земјата да се однесуваат разумно и одговорно, во согласност со интересите на граѓаните и на државата. Само на тој начин ќе докажат дека нивните програмски определби се во интерес на демократијата во Република Македонија. Мора да покажеме зрелост пред предизвиците што се јавуваат во општеството, а истите мора да се решаваат по институционален пат. Улогата на медиумите во демократското општество е да укажат на сето она што ги нарушува демократските процеси и е против интересите на граѓаните и на државата. Во остварувањето на оваа улога, ја имаат мојата целосна поддршка“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...