fbpx

Иванов: Ги истрошивме сите ресурси за мигрантите во иднина ќе треба помош

-

Претседателот Ѓорге Иванов при учеството на самитот „Брдо-Бриони процесот“ во Сараево истакнал дека како држава ги истрошивме сите наши ресурси за справување со мигрантите и дека во иднина очекува помош и поддршка.

– Армијата и полицијата ги користат буџетските средства кои се однесуваат на безбедносниот аспект на кризата. Хуманитарниот аспект го покриваат хуманитарните и меѓународни организации, наши домашни компании, хумани луѓе. Но, веќе сме исцрпени. Ако дојде втор бран мигранти тогаш мора да се најде начин многу поефикасно да се пристапи, многу побрзо да се менаџира целиот тој процес. Кога беше првиот бран имавме голема неусогласеност на европските институции, нивното функционирање и бавно реагирање за изнаоѓање решение – изјавил Иванов.

Тој додал дека во летните месеци се очекува поголем бран на бегалци од афричките земји и дека учесниците на самитот, сериозно го разгледувале ова прашање.

Иванов најавил дека следниот „Брдо – Бриони процес“ ќе биде во Македонија. Овој самит е инициран од Словенија и Хрватска во 2013 година, со цел регионална соработка и решавање на отворени прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...