fbpx

Иванов: ЕУ може да зборува во име на Европа по приемот на земјите од Западен Балкан

-

Европа да го сфати 21 век и да ги вклучи земјите кои сè уште се во чекалната за да можеме заедно да настапуваме како континент, а не како Европска Унија, порача претседателот Ѓорге Иванов, на отворањето на 27. Економски форум, што се одржува во полскиот град Крињица-Здруј, говорејќи на тема „Незавршена интеграција – аспирации на европските земји“.

Тој истакнал дека на Македонија, поради двојните стандарди, ѝ се скратува правото на просперитет.

– Македонија е единствен пример на земја кандидат за ЕУ од која се бара нешто што не е побарано од никој досегашен кандидат. Се ускратува правото на човечко достоинство и правото на самоидентификација. Да го користите името кое самите сте го одбрале и сите ве именуваат. Но, тоа е билатерално прашање и проблемот е што ЕУ дозволува една членка да ја злоупотребува Унијата, да го блокира нашиот просперитет, а и на целиот регион – рече претседателот Иванов, додавајќи дека Европа нема да исчезне, но ќе стане безначајна ако не се прилагоди на предизвиците од 21 век.

Иванов рече дека Евопската Унија ќе може да зборува во името на целиот континент откако сите земји од Балканот ќе станат дел од ЕУ.

Зборувајќи за бранот мигранти и за порастот на исламофобија во Европа, Иванов посочи дека македонското искуство може да послужи како решение кое ќе биде од корист за многу европски земји.

– Во ЕУ владее исламофобија, но ние имаме шест века искуство со исламот и тие искуства можат да бидат од корист за земјите кои примија мигранти, кои се со исламска вероисповест. Тие луѓе не го бараат европскиот концепт на толеранција, туку бараат почит, бараат внимание, бараат да бидат интегрирани, а не асимилирани. Во овој брз свет мора да се има трпение, мора да се сослуша другиот, да се почитува неговата различност и да биде вклучен, а не исклучен – рече Иванов.

На Економскиот форум во Крињица, насловен „Проект Европа – Кој е рецептот за следната деценија?“, присуствуваат повеќе од 3.000 учесници од повеќе од шеесетина земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...