fbpx

Иванов: ЕУ да извлече поука од досегашниот пристап кон Македонија и кон регионот

-

Европската Унија да извлече поуки за ефектите од досегашниот пристап кон Македонија и кон регионот, порачал претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во своето обраќање на денешниот состанок на лидерите од Процесот Брдо – Бриони, што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија.

Членство на Република Македонија во НАТО, почеток на преговорите со Европската Унија, продлабочување на соработката во сферата на безбедноста за стабилен регион, воздржување од радикална националистичка реторика и немешање во внатрешните работи на државите се пораките што Иванов ги истакнал на лидерскиот состанок, стои во соопштението од неговиот кабинет.

Тој порачал дека долгогодишната статус кво состојба во интеграциите ја продлабочила кризата во Македонија и им дала алиби на политичарите да застранат од зацртаниот европски пат.

„Една од клучните причини за стагнацијата, дури и за ретроградните процеси во регионот е недоволниот ангажман и недоволното внимание на ЕУ. Разбираме целосно дека ЕУ се соочува со повеќе кризи, но истовремено ЕУ не треба да дозволи уште една балканска криза“, рекол Иванов и додал оти очекува Германија како движечка сила во ЕУ да му помогне на целиот регион.

Македонскиот претседател посочил дека ЕУ треба да најде „креативен начин“ за отворање на поглавјата 23 и 24, нагласувајќи дека отворањето на преговорите за правосудство, основните права, правда, слобода и безбедност ќе го дадат неопходниот поттик за интензивирање на реформските процеси.

Иванов предложил на следниот самит на Процесот Брдо-Бриони, што треба да се одржи во Македонија, како специјален гостин да биде поканет премиерот на Грција, Алексис Ципрас, како и претставници на Бугарија, како претседавач со Европската Унија, официјални претставници од ЕУ и кралот на Јордан, Абдула, „имајќи ги предвид безбедносните предизвици и проблемите поврзани со мигрантската криза, како и потребата за соработка со трети држави во однос на безбедноста“.

Лидерите на денешниот состанок се заложиле да работат на зајакнување на политичката стабилност и на помирувањето во Југоисточна Европа, додека во однос на економијата заклучоците се дека мора да се вложува регионот да стане поатрактивен за инвестиции во транспортот, енергетската и во дигиталната инфраструктура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...