fbpx

Иванов до Нимиц: Сакаме решение за името кое нема да задира во идентитетот

-

Македонија ќе продолжи и понатаму конструктивно да учествува во процесот за изнаоѓање на решение на наметнатиот спор од страна на Грција, кое нема да задира во идентитетот на македонскиот народ и нема да го наруши достоинството на македонските граѓани, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на средбата со медијаторот Метју Нимиц.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Иванов, била разгледана актуелната состојба на процесот кој се води под покровителство на ОН и биле разменети информации и мислења поврзани со идеите и размислувањата на Нимиц, како и за исходот од неговата посета на Атина.

„Претседателот Иванов потенцираше дека решението за разликата околу името може да се бара само во рамките на Обединетите нации, и го реафирмираше ставот дека е потребно стриктно придржување до рамката во која се водат разговорите – Повелбата на Обединетите нации, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата“, стои во соопштението.

Иванов го поздравил интензивирањето на дијалогот и потензирал дека надминувањето на разликата околу името мора да биде во согласност со меѓународното право и меѓународно преземените обврски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...