fbpx

Иванов до Хан: ЕУ не го осуди мешањето на соседите во внатрешните работи на Македонија

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска со еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, разговараше за актуелната политичка состојба во земјата и за можностите за што поскоро решавање на политичката криза.

– Надминувањето на политичката криза е од клучно значење за Република Македонија да може целосно да се посвети на европските реформи и да продолжи во остварување на евроинтеграциски цели – истакна претседателот Иванов.

На средбата, како што истакнуваат од кабинетот на Иванов, била посочена неопходноста од што поскоро формирање на влада, бидејќи единствено со целосно функционални институции државата ќе биде подготвена да се справува со сите предизвици.

Во контекст на актуелната состојба, претседателот Иванов изразил незадоволство од отсуството на јавна осуда за мешањето во внатрешните работи на Република Македонија од страна на некои соседни земји.

Хан го запознал Иванов со резултатот од средбите со лидерите на политичките партии и со изнесените ставови и истакнал дека новата влада треба да биде доследна на европската перспектива и фокусирана на европската иднина на земјата.

Иванов уште еднаш укажал дека нестабилноста во политичкиот живот и тензичноста во меѓуетничките односи се последица на предолгата статус кво состојба на Република Македонија и побарал поактивен ангажман и поддршка од комесарот Хан.

Комесарот Хан, како што се наведува во соопштението, истакнал дека постои зголемена свест меѓу земјите членки на ЕУ за неопходноста од деблокада на интеграциите и за таа цел е потребно формирање на влада посветена на европските интеграции.

Македонскиот претседател му соопштил на Хан дека како и досега, така и во иднина, ќе постапува во рамки на Уставот и во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија. Тој исто така истакнал дека очекува од новата влада да има два клучни приоритети, односно заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата, и системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...