fbpx

Иванов до Борисов: Спорните прашања да се решаваат мирнo и преку искрен дијалог

-

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска разговараа за Договорот за пријателство, добрососедство и за соработка меѓу двете земји, како и за волјата и ангажираноста на сите што во изминатиот период беа вклучени во напорите за негово усогласување, соопштија од кабинетот на претседателот.

– Со овој чин се потврдува политичката волја и заложба на двете држави за преземањето понатамошни чекори кон градење меѓусебна доверба и надминување на отворените прашања. Неопходно е заеднички да се соочуваме со предизвиците, во исто време бранејќи ги своите национални интереси. Токму затоа сметам дека ниту еден меѓудржавен договор не смее да биде на штета на сопствените државни и национални интереси. Постојано ја нагласувам потребата од решавање на спорните прашања на мирен начин и преку искрен и отворен политички дијалог, во согласност со меѓународното право и со добрососедските односи за да се постигнат праведни и фер решенија врз основа на принципите на заемно почитување и поддршка и воздржување од мешање во внатрешните работи на државите – рече Иванов и додаде дека како и досега, така и во иднина ќе се залага за континуирано унапредување на добрососедските односи.

Претседателот ја реафирмирал целосната посветеност на Македонија на европската и евроатлантската интеграција и истакнал дека земјата очекува отворена поддршка од Бугарија за почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ, како и поддршка во однос на приемот на Република Македонија во НАТО.

Претседателот Иванов изразил очекување за интензивирање на политичкиот дијалог меѓу двете земји и средба со бугарскиот претседател, Румен Радев, посочувајќи дека посетите на највисоко ниво, претставуваат дополнителен импулс во градењето на меѓусебната доверба и добрососедските односи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...