fbpx

Иванов, Димитриев и г.г. Стефан упатија пораки за мир и за спокој за Божиќ

-

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, со порака за мир и за обединување, на православните верници им го честиташе големиот празник, Раѓањето Христово – Божиќ.

„Живееме во време во кое, како никогаш досега, злото го притиска светот! Ова е време преполно со искушенија на сите страни! Но, да не губиме надеж. Господ никогаш не нè оставил и нема да нè остави, туку ќе биде со нас во сите дни, сè до свршетокот на светот“, вели г.г. Стефан.

Добро здравје и духовен мир, со отворено срце да ја прославиме радосната вест за раѓањето на Господ Исус Христос, им порача претседателот на државата, Ѓорге Иванов, на сите христијани кои го слават Божиќ.

„Во деновите кои следат ќе го славиме животот, семејството и новите почетоци. Ова е период од годината кога во духот на евангелието треба да пронајдеме сили и да ги надвладееме суетите и искушенијата, простувајќи си едни на други. Ако сакаме да градиме општество на почитување и на достоинство, треба да научиме да подадеме рака и да го отвориме срцето со искреност и со доверба едни кон други“, се вели во честитката на Иванов.

Премиерот Емил Димитриев порача дека Божиќ е денот кој е симбол на љубовта божја кон луѓето и порача срцата да бидат исполенти со среќа и со радост, а домовите со мир и со спокој.

„Вредностите што ги симболизира овој празник да ни дадат сила да продолжиме со работа во интерес на народот, да го подобруваме секојдневието на сите граѓани, да обезбедуваме пораст и развој на економијата и подобрување на стандардот на населението, да продолжиме со развој на општество и култура на меѓусебно почитување, меѓусебна толеранција и заемна соработка, и со развој на можностите во секоја општествена сфера, за понатамошни успеси на Република Македонија“, пишува Димитриев во честитката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...