fbpx

Иванов денеска во работна посета на Унгарија

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија, соопштија утринава од неговиот кабинет.

„Претседателот Иванов во Будимпешта ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и со претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер“, стои во соопштението.

Иванов минатата недела беше во дводневна посета на Азербејџан, каде учествуваше на Форумот во Баку, а во меѓувреме ја одложи посета на Австралија, планирана за крајот на оваа недела, поради актуелната политичка состојба во земјава.

Утре во Македонија, како што е највено, треба да пристигне еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, заедно со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн, во рамките на напорите за наоѓање излез од актуелната политичка криза околу формирањето на новата влада. Тие, меѓу другото, се очекува да имаат средба и со претседателот на државата, Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...