fbpx

Иванов денеска и утре во работна посета на Азербејџан

-

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на петтиот Глобален форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, соопштија денеска од кабинетот на Иванов.

Иванов во Баку ќе има обраќање на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: Моќ и интереси“, а за време на посетата предвидено е тој да се сретне со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.

„На глобалниот форум ќе учествуваат повеќе од 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и од политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на програмата за млади лидери на Глобалниот форум. Меѓу другото, на годинешнот форум ќе се дискутира за иднината на Европа, улогата на Кина во меѓународните односи, односите меѓу Русија и Западот, предизвиците во справувањето со модерниот тероризам, за тоа дали екстремизмот и популизмот се најголема закана за безбедноста, иднината на трансатлантските односи, за алијанса меѓу западот и муслиманските држави“, стои во соопштението од кабинетот на Иванов.

Посетата на Иванов на Азербејџан се случува во период на тензична атмосфера и блокирани институции во земјава, откако претседателот одби да му го даде мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...