fbpx

Иванов апелира за смирување на тензиите и повика на лидерска средба во неговиот кабинет

-

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва упати апел за смирување на тензиите и на ненасилство и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет.

– Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија, ве повикувам да бидете смирени. Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате на разни провокации, лажни вести и на манипулации. Повикувам на смирување на тензиите и на ненасилство. Повикувам на разумно и одговорно однесување – рече Иванов.

Тој ги повика на одговорно однесување сите надлежни институции, кои мора да ги почитуваат Уставот и законите на Република Македонија.

– Пратениците се најодговорни за враќање на состојбата во согласност со Уставот, законите и со деловникот на Собранието на Република Македонија, кои денеска беа прекршени. Секој треба да биде одговорен за своите постапки и свесен за последиците што произлегуваат од нив – рече Иванов.

Тој истакна дека оваа состојба може да се надмине преку почитување на правниот поредок на државата и дека нема прашање за кое не може да се најде решение преку дијалог, со согласност со македонскиот Устав и законите.

– Затоа, ги повикувам лидерите на парламентарните партии утре да дојдат во мојот кабинет на лидерска средба за да ја разгледаме новонастанатата состојба. На лидерска средба да ги разгледаме сите опции за смирување и за наоѓање излез од новонастанатата состојба. Лидерите ја добиле довербата од граѓаните и се најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот, законите и со деловникот за работа на Собранието – рече Иванов, додавајќи дека „никој друг однадвор нема да ни ги реши проблемите ако самите ние не ги решиме, во согласност со државните интереси на Република Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...